#FITRCLASSROOM:Иновации базирани на вештачка интелигенција во Северна Македонија, предизвици и можности

Во новиот #FITRCLASSROOM, претставници од пет домашни стартап компании ќе дискутираат за предизвиците, идеите и можностите за компаниите кои развиваат иновации од областа на вештачка интелигенција во Северна Македонија. Вебинарот ќе се одржи на 8 април (четврток) со почеток во 19 часот, a сите заинтересирани ќе можат да го проследат во живо на Фејсбук страната на Фондот за иновации и технолошки развој. На настанот ќе се обрати и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Се поголемата примена на вештачката интелигенција (AI) во повеќе индустрии и ефектот кој оваа технологија го има врз глобалната економија, придонесе многу компании да започнат со инвестирање во проекти, во кои компјутерски систем извршува задачи и активности типични за човечкиот ум и способност.

Токму на оваа тема ќе зборуваат претставниците на компаниите кои со поддршка од ФИТР успеаа да развијат успешни проекти од оваа индустрија: Светлана Кордумова Трајанова-Pixyle.ai, Христијан Ѓорески-Aidea Lab, Нино Карас-Codewell unlimited, Дашмир Истрефи-Hoyo Tech и Александар Савески од компанијата Si-mAInd.