Од 706 пријавени на јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст, дури 540 се компании кои аплицираат за прв пат на некој од јавните повици на ФИТР, додека 207 се стартап компании, покажува првичната анализа на Фондот за иновации и технолошки развој.
„Горд сум што и во време на глобална пандемија добивме рекорден број доставени апликации во однос на било кој досегашен јавен повик кој го спроведува ФИТР. Тоа што 540 од нив аплицираат за прв пат, а компаниите се подготвени да инвестираат околу 27 милиони евра, покажува дека ја постигнуваме целта, во ФИТР да гледаат партнер од доверба при реализирање на иновативните решенија и можностите да се справат со предизвиците со кои се соочуваат“, изјави Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, на денешната презентација.
Тој додаде дека еден од главните фокуси на ФИТР е позиционирањето на Северна Македонија како регионален стартап хаб и затоа охрабрува што од вкупниот број на аплицирани, 207 се стартап компании.
Анализата покажува дека во однос на стартап апликантите, 171 од нив се со старост до 3 години, додека пак 105 работат до 6 години.
Вкупиот обем на инвестиции од предлог-проектите изнесува 63 милиони евра, од кои речиси 27 милиони би биле влог на компаниите, додека од ФИТР побаруваат 36 милиони евра.
На јавниот повик кој е наменет за поддршка на домашните компании да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари преку воведување на нови „зелени“ и дигитални технологии за нивна трансформација, аплицирале 345 микро, 329 мали и 32 средни претпријатија и 76 приватни здраствени установи (ПЗУ).
Компаниите се од 18 индустрии, во најголем број од областа на маркетинг, здравство технолошка индустрија, градежништво и ИТ. Доаѓаат од 29 градови, со најдоминантен број на апликации од Скопје, Струмица, Тетово, Битола и Штип.
Во насока на развој на женското претприемништво предност при оценувањето ќе имаат компаниите со жени управители и доаѓаат од различни региони. Тоа е една од причините што има зголемен интерес кај жените претприемачи од сите региони во земјава, па анализите покажуваат дека 45% компании-апликанти со жена сопственик или управител.
ФИТР обезбедува 70% од буџетот на проектот за микро или мало претпријатие или 60% за средни претпријатија. Односно 2.500.000 денари за микро, до 5.000.000 денари за мали и до 10.000.000 денари за средни претпријатија.
За компаниите кои аплицирале, следи процес на примарна селекција на предлог проектите, во која оценувањето ќе го вршат домашни стручни лица од 22 области на експертиза. Оценувањето се врши врз основа на следните критериуми: технолошки напредок и степен на дигитализација (35 поени), квалитет на проектот (10 поени), капацитет на проектниот тим (10 поени) и влијалние на проектот со по 45 поени. Сите проекти со просечна оценка од над 51 поен одат во втора фаза на оценување.
Во втората фаза проектите ќе ги разгледува Комитетот за одобрување инвестиции (КОИ), независно тело составено од петмина меѓународни експерти. На нивно барање опционално е предвиден и пичинг (јавна презентација) на предлог-проектите. За селектираната листа на предлог-проекти, тимот на ФИТР ќе врши административна проверка, односно дали апликациската документација е потполна. Потоа следува донесување на финална одлука од страна на КОИ, според дефинираните критериуми.
Линк од презентацијата – Аналитика на апликанти
Последни објави
Архива
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |