ФИТР го одбележува 21 Април – Светски ден на креативноста и иновативноста, со организирање на панел дискусија на тема: “Со инвестиции во иновации до одржлив економски раст и развој”. Во рамките на настанот, свое обраќање ќе има г-дин Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Северна Македонија, Коста Петров, Директорот на Фодот за иновации и технолошки развој, како и претставници на компании кои имаат реализирано иновативни и успешни проекти: Весна Кузмановска од Стратум РиД, Ана Спасовска од Иновејшн, Димитар Шошев од Елисиум Центар и Глигор Давчевски од Докстим. Настанот ќе се одржи на 21 Април (среда) со почеток во 12h и ќе се одвива со пренос во живо на социјалните платформи на ФИТР.
Поддршка на креативни и иновативни идеи е фокусот на работа на Фондот за иновации и технолошки развој, кој преку достапните инструменти за финансиска поддршка има портфолио од преку 550 кофинансирани проекти и инвестиција од над 75 милиони евра. Во таа насока, панел дискусијата има за цел да ги поттикне луѓето и компаниите да ја разбудат креативноста и иновативноста, да поттикнеме развој на нови, креативни идеи и можности кои ќе придонесат кон остварување на одржлив економски раст, отварање на нови работни места и создавање на подобра иднина за сите нас.
21 Април е светски ден на креативноста и иновативноста под покровителство на Обединетите Нации, кои оваа 2021 година ја одбележуваат како година на креативна економија насочена кон остварување на одржлив раст и развој. Целта е да покрене свесноста за улогата на креативноста и иновативноста во сите аспекти на опшетството.
Последни објави
Архива
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |