Проектот “m.Health” понуди најиновативно и најкреативно решение за подобро управување со здравствениот систем, во рамките на првиот хакатон “Е-Здравство”, кој се одржа изминатиот викенд, во организација на Фондот за иновации и технолошки развој, РОШ Македонија а во соработка со Министерството за здравство. На хакатонот, 11 проектни тимови под менторство на врвни експерти од областа на здравството работеа на развој на дигитално решение кое ќе придонесе кон подобар здравствен систем во земјата.
“Во името на тимот на “m.Health” би сакал да им се заблагодарам на Фондот за иновации и технолошки развој и РОШ Македонија, за иницијативата за одржување на првиот е-хакатон за здравство во нашата земја. Имавме навистина напорни, но многу продуктивни 48 часа исполнети со интензивна работа со членовите на мојот тим, Софија Христова и Драган Соколовски. На самиот е-хакатон имаше многу добри идеи и би сакал исто така да ги охрабрам сите останати тимови да продолжат со работата за развивање на решенија за електронско здравство„ изјави Кирил Солески, тим лидер на победничкиот проект “m.Health”.
“Сите проектни тимови понудија одлични решенија и покажаа дека дигитализирањето на процесите во здравството е реална потреба со цел да имаме современо и квалитетно здравство. Хакатоните се одлична можност за поттикнување на иновации и токму затоа се надевам дека ваквите соработки ќе ги охрабрат и другите компании од корпоративниот сектор да се вклучат и да покренат слични иницијативи во иднина, со што заеднички ќе придонесеме кон дигитализација не само на здравствениот систем туку и на јавниот сектор пошироко„ изјави Ивана Станковиќ, советник во Фонд за иновации и технолошки развој и дел од организацискиот тим на хакатонот.
Победничкиот проект “m.Health” добива финансиска поддршка во износ од 30 илјади евра за реализација на решението кое ќе биде целосно и бесплатно достапно за сите граѓани во текот на следната година.
Јавниот повик “Е-Здравство” на ФИТР и Рош Македонија, беше отворен од 02 – 17.06.2021, на кој освен трговски друштва, можност имаа да се пријават и физички лица организирани во проектни тимови. Врз база на доставените предлог проекти, Комисијата за оценување и избор направи претселекција на апликантите кои преминаа во следната фаза, а тоа е 48 часовен Хакатон “Е-Здравство”. За време на хакатонот, единаесет проектни тимови беа дел од повеќе менторски сесии водени од страна на: ФИТР, РОШ Македонија и Управата за електронско здравство, кои им помогнаа на учесниците да ги искристализираат нивните идеи и да ги насочат кон креирање на прототип или демо верзија на решението. Во финалниот дел, проектните тимови ги презентираа своите решенија пред Комисијата за оценување и избор кои врз основа на однапред дефинирани критериуми ја донесоа конечната одлука за избор на најиновативно е-решение од областа на здравство.
Последни објави
Архива
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |