Министерството за култура на Република Северна Македонија и Фондот за иновации и технолошки развој започнуваат процес за забрзано дигитализирање на картотеките на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, со цел да се оствари заштита, валоризација, категоризација и ревалоризација на културното наследство на македонскиот јазик.
Предизвикот е наменет за претпријатија кои можат да понудат иновативно решение, сами или во соработка со установа која врши високообразовна, односно научно – истражувачка дејност или друго претпријатие. Проектот треба да содржи пет поглавја во кои се опишува методологијата на работа, процесите, технологијата и компетенциите кои ќе бидат ставени во функција за се остварат целите на проектот.
Министерката за култура Ирена Стефоска на денешната прес-конференција во Владата истакна дека Министерството за култура започнува проект за соодветна и итна заштита т.е. дигитализација на повеќе од 5 милиони ливчиња.
„Станува збор за јазични записи собирани со децении на терен, од вработените во Институтот, но и од студенти, информатори и вљубеници во македонскиот мајчин јазик, кои со својата собирачка активност помогнале во зачувувањето на ова јазично духовно богатство. Ентузијазам кој овозможил, како култура, да застанеме рамо до рамо со најголемите светски култури“, појасни Стефоска. Таа додаде дека од 5-те милиони уникатни јазични записи, досега, за 9 години се дигитализирани само 140 илјади ливчиња, како што рече Стефоска, тоа е премалку и пребавно и ако продолжи со вакво темпо, веројатно ќе требаат безмалку уште 400 години за да се дигитализира само овoj скапоцен материјал. Затоа, Владата ја поддржа потребата од итна дигитализација на картотеките во Институтот за македонски јазик“, рече Стефска, која акцентираше дека дигитализацијата како трајна заштита на нематеријалното културно наследство е врвен приоритет.
Таа додаде дека сме должни да ги заштитиме нашата култура и богата историја и да го превенираме секој ризик по нив.
Директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Коста Петров истакна дека оваа инвестиција е од специјално и навистина големо значење за сите идни генерации, бидејќи инвестираме во осовременување и заштита на македонскиот јазик како наше најголемо духовно културно наследство, на дијалектите на македонскиот јазик и топонимијата на Република Северна Македонија.
„За колку важен процес станува збор говори и податокот дека ќе се дигитализираат над 5 милиони оригинални записи на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, кои се стари над 500 години. На овој начин, ќе создадеме активна заштита на записите во изворна дигитална содржина, како и пасивна заштита од сите форми на ризици што можат да го оштетат или трајно уништат културното наследство”, рече Петров. Тој додаде дека е обезбеден вкупен буџет во износ од 14 милиони денари, за кој ФИТР обезбеди 9 додека Министерството за култура на Република Северна Македонија учествува со финансиски средства во износ од 5 милиони денари. Победничкиот предлог проект ќе биде финансиран 100% од вкупниот буџет, односно до 14 милиони денари. Спроведувањето на проектот може да трае до 12 месеци.
Апликантот треба да биде микро, мало или средно претпријатие согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија, годишните приходи да не надминуваат 10 милиони евра во претходните две фискална години според финансиски извештаи и други.
Дел од активностите кои ќе бидат одобрени за финансирање се: развој на решението и активности за тестирање, анализа на регулатива, комуникација со потенцијални учесници и други. Некои од трошоците за кои ќе бидат одобрени на проектите се бруто плати за вработените кај водечкиот апликант, купување или изнајмување опрема и потрошни материјали во функција на проектот, под договорни услуги за истражување и развој и други.
Постапката, од прием на пристигнатите апликации, се до селекција и донесување на конечна одлука за избор се состои од неколку чекори: административна проверка, претселекција односно прва оцена на предлог проектот, пичинг односно презентација на претселектираните предлог-проекти пред Комисија за оценување и избор, финална селекција и последниот чекор е потпишување на договори. Комисијата за оценување и избор се состои од: двајца претставници од партнерските институции, двајца претставници од областа на предизвикот и еден претставник од Фондот.
Главните критериуми според кои ќе се врши оценување на предлог проектите се: степен на иновативност, капацитет на проектниот тим, квалитет на проектот, потенцијал за примена, односно пазарен потенцијал и влијание на проектот.
На јавниот повик компаниите можат да аплицираат најдоцна до 21.10.2021 година, до 14.00 часот, додека процесот на аплицирање и целата проектна документација се достапни на:https://fitr.mk/digitalmk/
Последни објави
Архива
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |