Тханос – ДатаМинд, платформа за динамично профилирање на корисниците

Споделете со нас неколку информации за вашата компанија, кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или слично, или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

Тханос е ново основана компанија, чие портофoлио на услуги воглавно се состои од оптимизирање на работни процеси, и постигнување на највисока ефективност во реализацијата на истите. Преку имплементација на специфични научни методологии, во комбинација со нашето долгогодишно искуство во софтверско инженерство и бизнис анализа, можеме да кажеме дека нудиме комплетено решение за успешна бизнис трансформација на компаниите.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР?

Врз основа на нашето специфично know-how, и направената бизнис анализа, утврдивме пазарни можности во поддршка на компаниите во нивниот процес на дигитална трансформација, или поточно кажано поддржување за успешна и ефективна дигитална трансформација.

За таа цел, концептот позади ДатаМинд како платформа е дефиниран. Нејзината употреба ќе им овозможи на компаниите да осознаат на кој начин нивните потенцијални и тековни корисници ги користат нивните услуги, и врз основа на тие податоци компаниите може да донесат стратешки бизнис одлуки за унапредување на услугите.

Во бизнис контекст, ДатаМинд ќе им овозможи на компаниите да прават динамично профилирање на корисниците, врз основа на дигиталниот траг кој го оставаат со користењето на нивните услуги.

Придобивките од користењето на ДатаМинд се повеќекратни, како на пример:

  • утврдување на неефективни процеси, или процеси за кои е потребно повеќе време за комплетирање;
  • пронаоѓање на причините за неефикасната трансформација од потенцијален корисник во реален корисник;
  • пронаоѓање на можности за идни унапредувања на корисничкото искуство во користење на услугите на компаниите;
  • пронаоѓање на нови услуги и можности, врз основа на забележаниот дигитален траг, и многу други придобивки.

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP од продуктот достапен за јавноста?

ДатаМинд платформата е во самиот зародиш на развој. Според дефинирната визија за овој производ, ние ги дефиниравме специфичностите на т.н. Product Backlog, со дефинирани датуми за комплетирање на развојот следејќи го агилниот пристап на работа. По однос на MVP-то, истото треба да се очекува во период од 10 месеци, штом развојниот процес започне.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот.

Добиените финансии од ФИТР ни се од особена важност за реализацијата на нашата идеја. Според потребите и предложените временски рокови, овие финансии ќе се искористат во ангажирање на дополнителни соодветни лица кои ќе ја водат реализацијата на проектот.

Дали производот/услугата што го планирате да го развиете за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Имајќи го фактот дека нашата платформа ќе е веб-базирана и е предвидена за компании кои нудат услуги од е-трговијата како индустрија, нашиот фокус е ориентиран кон интернационалниот пазар. Секако, оваа експанзија на интернационалниот пазар ќе се реализира во соодветни дефинирани фази (по региони) штом развојниот процес се комплетира.