Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… кога е основана, примарна дејност, тековни клиент или сл… или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана.
19 Моторс М е ново основано претпријатие од страна на Мартин Спасовски. Целта на претпријатието е развој и производство на електрични превозни возила. Со проектот Електричен Мопед се цели кон развој на нашиот прв производ со кој ќе се пласираме на пазарот.
Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?
Со проектот Електричен Мопед поддржан од страна на ФИТР се цели кон развој на електричен мопед за примена во урбаните средини. Целата на мопедот е да го олесни брзиот животен стил на едно лице.
Конструкцијата на мопедот ќе биде со мала маса и ергономија која е сродна со велосипедската. Со ваквата конструкција се добива доверливост и лесност кај лицата кои за прв пат ќе користат превозно средство од оваа категорија, а претходно имаат применувано велосипед. Исто така во него ќе бидат интегрирани технологии и карактеристики кои ќе целат кон олеснување на секојдневните обврски при движење во урбаните средини.
Изработката ќе се врши по нарачка на клиентите врз основа на нивните желби и вкусови за естетскиот изглед. Дизајнот, перформансите како и неговите карактеристики ќе бидат прикажани при пласирање на пазарот.
Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?
Развојот на претпријатието како и неговиот прв производ се одвива веќе една година. Во финална фаза сме со софтверскиот развој и евалуација и се подготвуваме за почеток на фазата за изработка на функционален прототип.
Пласирањето на пазарот го проектираме за почетокот на вториот квартал од 2021 год.
Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?
Поддршката од страна на ФИТР се од големо значење при развојот на овој проект. Со овие средства се овозможуваат платите на проектниот тим како и суровините потребни за развој на новите технологии и целиот физички прототип.
Дали производот/услугата што го планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?
Врз основа на нашиот производ како и брзо растечкиот тренд на електричните возила, сметаме дека имаме можност за пласирање на интернационалниот пазар.
Последни објави
Архива
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |