Северна Македонија нуди релативно ефтин, но високо квалификуван кадар во областа на компјутерските науки и инженерството поради што прогнозите за во иднина се позитивни. Претстојат достигнувања во областа на технологијата, вели во интервју за МКД.мк Дон Левис, член на Комитетот за одобрување на инвестиции при ФИТР.
Фондот за иновации и ЕВН организираа и интерактивна и едукативна посета на изложбениот центар каде учениците од основните училишта “Свети Климент Охридски“ од Прилеп и „Дедо Иљо Малешевски“ од Берово, како и скопските средни училишта „ЕМУЦ 8 Септември“ и „Орце Николов“ имаа можност да дознаат повеќе детали за воведувањето електрична енергија во Северна Македонија, како и за искористувањето на различните видови енергија.
Дон Левис е еден од петмината членови на Комитетот за одобрување на инвестиции при македонскиот Фонд за иновации и технолошки развој.
Инаку, тој е член на факултетот „Mays Business School“ во секторот менаџмент од 1999. година и е професор и извшен директор на „Blackstone Launchpad TAMU“.
„Целта на ваквите иницијативи и соработка е поттикнување на креативното и критичко размислување кај младите и поврзување и вклучување на домашните компании во поддршка за развој на истражувачкиот и претприемачкиот дух уште од најрана возраст. Наша заложба е да им покажаме на младите дека државата нуди можности за нивен личен и професионален развој. ФИТР ви стои на располагање, обезбедува и ќе обезбедува поддршка за реализација на вашите истражувачки идеи и иницијативи. Ваквиот тип на соработка со домашните компании исто така ќе продолжи и понатаму,“ нагласи Деспотовски, директор на ФИТР.
Своето богато искуство го базира на бројните ангажмани во областа на лоцирање проблеми во образованието за претприемништво и малите бизниси како и во меѓународниот бизнис.
Како што појаснува Левис, процесот на одобрување на одреден проект кој пристигнува на повиците од ФИТР е следниов: секој член на комисијата самостојно ги разгледува и ги оценува сите апликации, врз основа на критериуми утврдени во соодветните инструменти за оценување. Секој член, исто така, дава свои индивидуални коментари за секоја апликација. Штом се заврши ова, на формален состанок се гласа за соодветноста на финансирањето на одделни проекти. Потребно е мнозинство од 3 гласови за какво било одобрување за финансирање и сите гласови се запишуваат.
Која е точно вашата задача?
– Генерално, мојата улога како еден од петте членови на Комитетот е да ги разгледувам, оценувам и да гласам за одобрување или одбивање на предлог-проектите доставени до ФИТР. Исто така, учествувам во сите сесии и особено во процесот на преглед, дискусија и донесување крајните одлуки.
Прво, нашиот комитет е составен од пет члена, од кои никој не се познаваше пред да биде избран, никој од нас не е од или не живее во Македонија и сите ние поседуваме различно искуство во однос на иновациите и претприемништвото.
Второ, додека искуството, стручноста и квалификациите на секој член на комисијата се различни, мојот глас е според моја перспектива, видување и е комплетно непристрасен. Понатаму, секој член на комитетот го потврдува своето ветување дека нема судир на интереси или надворешно влијание што се однесува на која било од апликациите или апликантите.
Трето, во врска со самиот процес, секој член на комисијата самостојно ги разгледува и ги оценува сите пристигнати апликации, врз основа на критериуми утврдени во соодветните инструменти за оценување. Секој член, исто така, дава индивидуални коментари за секоја апликација. Штом се заврши ова, како комитет, ние формално свикуваме состанок и гласаме за соодветноста на финансирањето на одделни проекти. Потребно е мнозинство од 3 гласови за какво било одобрување за финансирање и сите гласови се запишуваат.
Како оди процесот на одобрување на проектот?
– Не можам, како член, да дадам директен и издржан одговор. Сепак, врз основа на она што го толкувам, би рекол во моментот „процесот“ е онолку добар колку што може да се очекува. Постојат рокови, односно временски ограничувања за сите вработени во фондот, откако ќе се објави повик. Нивниот работен товар е значаен и јас темелно се восхитувам на персоналот и нивната заложба за помагање на Република Северна Македонија. Се сомневам дека некој во земјава го знае бројот на работни часови што вработените ги минуваат посветени на оваа кауза. Малкумина го знаат бројот на состаноци надвор од работното време и искрено, колку време се далеку од нивните семејства. Тие се несудените херои и навистина се тие кои треба да се слават и наградуваат за нивната посветеност за ревитализација на вашата земја.
На кои принципи донесувате конечна одлука кои кандидати и предлог-проекти ќе бидат одобрени?
– Општо, секој повик има специфична тема. Постојат многу теми: иновации, помош за МСП, иновативна опрема и сл. Секоја тема бара свои критериуми кои варираат од целта до сумата на средства.. Секој повик исто така има специфичен правилник кој има инструменти за проценка и оценување.
Во зависност од повикот, соодветноста на идејата за повикот и квалитетот на апликацијата се спроведува прелиминарно прифаќање. Ова прелиминарно прифаќање се спроведува откако вработените во Фондот потврдуваат дека се обезбедени сите потребни документи (резиме, буџети и сл.). Откако ќе се прифати списокот на прелиминарни кандидати, апликациите се доставуваат до комитетот.
Дали имате обврска да ја анализирате сопственоста на капиталот на компаниите што аплицираат, нивната финансиска состојба и да ја процените нивната политичка подобност?
– Употребата на зборот обврска е интересна. Како комитет, на секој од нас му е доверена одговорност што нè тера да бидеме и правно и морално одговорни за правилна употреба и исплата на парите Република Северна Македонија/Светска банка/ФИТР.
Доверено ни е да ја искористиме нашата експертиза, проценка и што е најважно дискрециското право во име на фондот и неговите агенти. Овие експертизи и проценки секако се користат и при проценка на сопственоста, финансиската стабилност и потенцијалните проблеми со „политички изложените лица“. Оваа проценка е клучна за да е сигурно дека средствата се доделуваат на заслужен и правичен начин.
Имате богато искуство во различни земји. Како ја оценувате атмосферата во областа на инвестициите и технолошкиот развој во земјава?
– Северна Македонија како земја преку својот народ има многу квалитети кои нудат плодна основа за претприемачки активности. Моето вклучување во овој комитет ми ги отвори очите кон бројните луѓе и организации кои придонесуваат за негување и поддршка на овие активности во заедницата. Ова е особено забележливо кај младите.
Сум бил сведок на несебични заложби да успеат оние кои го нудат своето време, богатство или талент и промовираат претприемачки активности. Добро е познато дека постои силна позитивна врска помеѓу стапката на претприемачка активност и економскиот развој во една земја. Како резултат на тоа, атмосферата во областа на инвестициите и иновативните активности во Република Северна Македонија е секако позитивна и претстои светла иднина.
Во кои сегменти од процесот на иновации има најголем напредок во земјата?
– Целта на иновацијата е да се поттикне економскиот раст за да се создадат нови вработувања и севкупно да се генерира просперитет. Иновацијата е „судир“ на луѓето и нивните идеи, комбинирани со можности, каде комерцијалните критериуми го одредуваат успехот. Судирот е во крајна линија процес на „креативно уништување“ на постојните производи и начини на деловно работење и нивнот заменување со нови. Земјата има единствена можност да го искористи ова „креативно уништување“ во областа на технологијата и револуцијата што во моментот се одвива.
Додека технологијата е широко поле, малку бизниси во иднина ќе преживее без да се поврзат економските придобивки на новите технологии со функционалните области на деловните активности поврзани со нивните индустрии. Возраста, мотивацијата и работната етика на населението во Македонија, комбинирано со нивото на образование, ефтин пазар на трудот и целокупната безбедност на земјата нуди плодна основа за иден просперитет. Сегментите, би се движеле од иновации во синџирот на снабдување до роботика… Северна Македонија нуди релативно ефтин, но високо квалификуван кадар во областа на компјутерските науки и инженерството поради што прогнозите за во иднина се позитивни во претстојните достигнувања во областа на технологијата.
Што може да се предвиди за иднината во земјата во однос на пазарот, младите и иновациите?
– Имајќи ја предвид актуелната состојба светот се соочува со криза каква што не е видена, ќе порачам дека со секоја криза секогаш постои изедначувачка сила што нè враќа кон просперитет. Исто така, со секоја криза доаѓа можност. Иако сметам дека малкумина ја прифатија нашата нова реалност, има толку позитивни средства во нејзина корист што може да ја трансформира креативната култура и да се движи кон просперитет. „Горивото“ е кај младите, образованието, снаодливоста, решителноста … сѐ што е потребно е искра и малку трпеливост.
Како ја оценувате работата на Фондот за иновации и технолошки развој?
– Јас сум задоволен од досегашната работа на комитетот во изборот на проектите на кои им се даде финансиска поддршка преку Фондот и Светската банка. Замислете ја разликата помеѓу понудата на стимулативни пакети на владините организации кои дистрибуираат средства засновани врз политички агенди наспроти стратешкото создавање на организација (Фонд) која ги наградува луѓето со здрави деловни идеи. Процесот на добивање парична помош преку тоа што треба да се артикулираат и докажат овие здрави деловни принципи е брилијантен и креативен начин да се обезбедат најзаслужните и најквалификувани финансиски наградени. Преку овој процес, се надевам дека плодовите на инвестициите и користените методи ќе се покажат во изобилие во наредните години.
Последни објави
Архива
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |