Стратешко вмрежување, пристап до технолошко знаење и финансиска поддршка меѓу двете земји, беше главната тема на денешната посета на Израелската агенција за иновации, која ја остварија директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
На работниот состанок со директорот на одделот за меѓународна соработка Алан Хофман, кој е дел од работната посета на Израел, беше дискутирано за Програмата за поттик која обезбедува поддршка за странските компании кои работат со израелските компании на програми насочени кон комерцијализација за развој на нови технолошки производи или за значително надградување на постоечката технологија.
Имено Агенцијата преку Програмата, нуди грантови за овозможување на споделување на ризикот при финансирање на проекти, и помош при наоѓање странски технолошки партнери.
Директорот на Фондот Петров, ги презентираше и активностите на Националниот стартап совет, новото портфолио на инвестиции на ФИТР, инвестицискиот фонд како и Програмата за дигитални номади.
Вицепремиерот Битиќи и директорите Петров и Хофман, на состанокот се согласија дека преку предложените активности, компаниите од двете држави ќе се поддобрат во сите полиња на истражување и развој базирани на иновации, а со тоа ќе им се помогне да растат преку глобален систем за стратешко вмрежување, пристап до технолошко знаење во различни земји, да воспостават чекор напред и да го зголемат пласманот на своите производи на глобалните пазари.
Последни објави
Архива
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |